За нас

Како резултат на приливот на поголем број ученици во гимназијата “Гоце Делчев“ во септември 1948 год.,од неа беа издвоени 11 паралелки со 480 ученици и дел од наставниод кадар и е формирана неполна гимназија “Крсте Мисирков“. Денес во училиштето има 45 паралелки во кои се опфатени 1.180 ученика. Образовно-воспитната работа во 45-те паралелки ја извадуваат 60 наставника. Сите се со соодветни стручни квалификации, како во одделенската, така и во предметната настава.

Е-учење

Упатство за наставници да го крираат online часот.

Документи

Извештај од самоевалуација ООУ„Крсте Мисирков“ Куманово 2020

Проекти

Нашето училиште учесник во уште еден голем училишен европски проект Европски Ден на Спортот во Училиштата.

НАШАТА МИСИЈА​

Залагањето на целиот колектив на училиштето придонесува успехот да се подобри, а интересот за училиштето да се прошири, со што се продолжува традицијата во настојувањата за подобар квалитет и подобор успех.

Play Video

Прифатени се и се реализираат повеќе проекти сокои се унапредува наставниот процес и придонесува за стручно усовршување на наставничкиот кадар. Познато е дека ништо така не воспитува, ништо така не го овозможува учениковиот развој, како што тоа го прават довербата, љубовта и почитувањето на личноста на ученикот. За постојано унапредување на воспитно-образовната работа, работата на секциите и другите воннаставни активност, Училиштето успешносоработува со другите училишта од Општината, Бирото за развој на образаванието, Министерството за образовние и наука ПЕ-Куманово и други јавни и културни институции од градот. Посебно е значајно да се истакне соработката со училиштата од другите републики од поранешната СФРЈ. Мошне успешна соработка имаме со ОУ Доситеј Обрадивиќ од Врање и ОУ Петар Петровиќ-Његош од Зрењанин, од домашните со ОУ „Кочо Рацин“ Прилеп. Како резултат на напорите сто училишниот колектив ги влжоуваше, има добиено повеќе општествени признанија. Два пати е добитник на Ноемвриска награда, како највисока награда на Собранието на Општината за покажаните резултати и тоа во 1971 и 1988 година.прво од училиштата во Општината е добитни на највисока републичка наградаКлимент Охридски која се доделува за осебени заслуги за постигнати во образованието, здравството и културата сто се во интерес на Република Македонија. Оркестарот, хорот, драмската, литературната и спортските секции со година освојуваат награди ширум нашата земја.Младите литерати од 1959 година издаваат сво списание Пламенче, а за учество на повеќе литературни конкурси добитници се на високи држави и други награди и признанија. Зад нив не заостануваат и наградите и признанијата што ги постигнаа и секциите на младите математичари, физичари, хемичари, биолози и историчари на натпреварите организирани од Бирото за развој на образованието, каде редовно ги освојуваат првите места со што се стекнуваат со право да учествуваат на републичките натпревари. Кабинет по информатика користиме уште од далечната 1986 година Сегашниот состав на наставниот кадар ветува дека нема да бидат изневерени традициите во борба за постигнување на уште повеќе успеси во процесот на формирање нa правилна личност кај сите ученици на ОУ Крсте Мисирков.

известувања

Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.