Проект – „Разликите се убави – убавината е различна“

Разликите се убави – убавината е различна

 

 Во рамки на Програмата за образование на Роми, проект на Фондацијата отворено општество-Македонија (ФООМ) финансиран од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), ФООМ и Детската фондација Песталоци од Швајцарија во ООУ „ Крсте Мисирков “, Куманово се имплементира проектот „Разликите се убави – убавината е различна“, како мал училишен гранд за интеркултурални активности. Целта на овој мал грант е да им се даде можност на училиштата да развијат и да спроведат мали иницијативи и проекти кои:

 

Виножито во училишниот ходник

• Ќе го промовираат интеркултурализмот како вредност и како важна димензија на едно инклузивно училиште;

• Ќе придонесат учениците да ги разберат, почитуваат и ценат различности и сличности;

• Ќе поттикнуваат, развиваат и негуваат позитивна интеракција и соработка помеѓу учениците од различни етнички, социјални и културни средини;

Цртање графити

• Ќе придонесат за подобрување на училишната клима и училишниот живот преку поттикнување на креативноста на учениците, преку зголемено учество на учениците и зголемено учеството на родителите во вон-наставвните активности;

• Ќе придонесат за поголема „видливост“ на децата/учениците од помалите етнички заедници и ќе им помогнат во развивањето на позитивна слика за себе си;