За нас
Како резултат на приливот на поголем број ученици во гимназијата “Гоце Делчев“ во септември 1948 год.,од неа беа издвоени 11 паралелки со 480 ученици и дел од наставниод кадар и е формирана неполна гимназија “Крсте Мисирков“. Денес во училиштето има 45 паралелки во кои се опфатени 1.180 ученика. Образовно-воспитната работа во 45-те паралелки ја извадуваат 60 наставника. Сите се со соодветни стручни квалификации, како во одделенската, така и во предметната настава.
НАШАТА МИСИЈА
Залагањето на целиот колектив на училиштето придонесува успехот да се подобри, а интересот за училиштето да се прошири, со што се продолжува традицијата во настојувањата за подобар квалитет и подобор успех.

Play Video