ПРОЕКТИ ОД ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ
ПРОЕКТ ЗА ПАРТИЦИПАТИВНОСТ (УЧЕСТВО) НА УЧЕНИЦИТЕ
Покровител (овозможувач на услови за реализација) на проектот:
Фондација Отворено Општество Македонија
Ментори – водачи, обучувачи, насочувачи на проектот:
Проф. Д-р Јанез Крек и Проф. Д-р Јанез Вугринц
Меѓународен центар за образовни политики
на Универзитетот во Љубљана, Педагошки факултет
Реализатори и автори на уцилишниот проект:
Наст. Југослав Спасиќ и Наст. Бобан Поповски
ООУ„Крсте Мисирков“ – Куманово
Наслов на училишниот проект:
Усогласување на начинот на оценување
на спортските знаења и постигања на учениците
по предметот физичко и здравствено образование
во предметна настава од 6то, 7мо, 8мо и 9то одд.
во ООУ„Крсте Мисирков“ Куманово
Целта на проектот за партиципативност (учество) на учениците е да се реализира нешто што е реално потребно на учениците во наставниот процес, а тоа не е нивно секојдневие во училишната пракса.
Овој проект на Акциско истражување е поврзување на теоријата со пракса, односно, ефектите од некоја практична промена во наставта теоретски да се проверат, утврдат, докажат или отфрлат и слично.
Целта за усогласување на начинот на оценување на спортските знаења и постигања на учениците по предметот физичко и здравствено образование е да се создаде, осмисли и креира модел на оценување кој е според Наставната програма од МОН и БРО и е според предвидени постигања од Образовните стандарди од МОН и БРО, но е поконкретно предвиден модел за оценување на спортски знаења и ќе понуди реално и објективно оценување во наставата од овој предмет.
Овој модел (начин) на оценување на спортските знаења и постигања ќе понуди:
За наставниците процесот на оценување да го реализираат свесно, усогласено помеѓусебе, стручно, конкретно, реално, објективно, праведно и проверливо.
За учениците процесот на оценување ќе биде познат, помалку стресен, сами ќе може да се проверуваат и самооценуваат, контролираат, самоусовршуваат, образуваат.
Родителите ќе бидат запознаени со начин на оценување, барања, постигања како и очекувања од учениците, контрола и насока на децата во процес на усовршување, проверување, подготовка и оценување.
За училиштето тоа е креирање на модел во наставниот процес на обучување и проверување на знаења кој нуди транспарентност, комуникација, доверба до родителите и учениците како партнери.
За јавноста нуди можност за едукација, споредување, конструктивни конслутации и критики, проверка, комуникација, размена на искуства, доаѓање до нови идеи.