Почитувани ученици и родители

За наставата од дома по предметите физичко и здравствено образование и изборен спорт за четврто тромесечие за учениците од 6 до 9 одделение во нашето училиште стручниот актив за спорт ви ги задава следните задачи како една целина која ќе стимулира ученикот да изведува физички вежби во домашни услови за јакнење на мускулатура на телото два до три пати во неделата, со траење од 10 до 15 минути во денот.
ЗАДАЧИ
1. Прва задача е ученикот да направи почетно-иницијално тестирање со 4 тестови за проценка на сила на Раце (склек тест); сила на нозе (чучнување); сила на предна страна на трупот (стомачни) и сила на задна страна на трупот (грбни). За тоа како да ги изведете тестовите ги имате насоките во 4 видео упатства (под секое видео има текстуално упатство за начинот на изведување на тестот) на следниот линк: https://www.youtube.com/playlist?list=PLZjPwipcRBmU1Fwc_bcMwWq0dvhAlshaR Првиот-иницијален тест треба да го направите во неделата од 13.4 до 17.4, а резултатите од тестот Тест1 Склек=n; Тест1 Чучнување=n; Тест1 Стомачни=n; Тест1 Грбни=n; со име презиме, одделение, паралелка, број во дневник и предметен професор, со забележани резултати во табелата која ви ја даваме во прилог во word формат да ги испратите најдоцна до 19.4 на следниот официјален училишен е-маил: fizickokrstemisirkov@gmail.com
2. Втора задача е ученикот во период од 20.4 до 22.5 да ги изведува физичките вежби според упатството и насоките или 2 до 3 дена во неделата. Еден тренинг треба да трае 10 до 15 минути. Бројката од тестот ја делите на 2 и добиениот резултат е број на повторувања (пример: ако сте направиле 10 чучнувања ги делите на 2 и добивате 5), една серија од 5 чучнувања треба да ја повторите по три пати, а помеѓу сериите паузата или одморот да биде 30 секунди, или во еден тренинг треба да направите 3х5 чучнувања или вкупно 15 чучнувања. Истата постапка важи и за останатите 3 вежби (склекови, стомачни и грбни). Секоја вежба треба да ја направите со одреден број на повторувања во една серија, а во еден тренинг треба да имате три серии од секоја вежба или вкупно 12 серии за сите четири вежби. Најдоцна до 24.5 ученикот на истиот е-маил: fizickokrstemisirkov@gmail.com треба да испрати 2-3 слики на кои се гледа дека вежба или се тестира.
3. Трета задача е ученикот да направи контролно-завршно тестирање со 4 тестови за проценка на сила на Раце (склек тест); сила на нозе (чучнување); сила на предна страна на трупот (стомачни) и сила на задна страна на трупот (грбни). За тоа како да ги изведете тестовите ги имате насоките во 4 видео упатства (под секое видео има текстуално упатство за начинот на изведување на тестот) на следниот линк: https://www.youtube.com/playlist?list=PLZjPwipcRBmU1Fwc_bcMwWq0dvhAlshaR
Вториот контролен тест треба да го направите во неделата од 25.5 до 29.5, а резултатите од тестот Тест2 Склек=n; Тест2 Чучнување=n; Тест2 Стомачни=n; Тест2 Грбни=n; со име презиме, одделение, паралелка, број во дневник и предметен професор со забележани резултати во табелата која ви ја даваме во прилог во word формат да ги испратите најдоцна до 31.5 на следниот официјален училишен е-маил: fizickokrstemisirkov@gmail.com
ВАЖНО
Пожелно е сите ученици пред се заради своето здравје, разположение, благосостојба и спортско знаење да ги изведат овие тестирања и да го практицираат вежбањето со физички вежби 2 до 3 пати во неделата со помош, бодрење и подршка од родителите кои исто така може да бидат и тандем вежбачи во овој случај и во оваа вонредна состојба. Ве охрабруваме пред се заради воспитно образовниот процес кој е во интерес на ученикот да ги реализирате овие три  задачи во целост. Стручниот актив по спорт од нашето училиште ве охрабрува и подржува, а секако и ќе ви помага со видео упатства за вежбање во домашни услови за овие 4 групи на мускули со цел поквалитетна настава од дома во интерес на здравјето на учениците. Спортски поздрав!